вторник, 7 април 2026

MВР за случајот со четирите малолетници кои беа примени на Токсикологија, приведен возрасен маж

Министерството за внатрешни работи информира за случајот на четирите малолетни лица кои вчера биле пронајдени во бесознание и пренесени во Клиниката за токсикологија. Имало пријава за физички напад врз 40-годишно лице, но подоцна тоа лице е приведено. Пронајдена била и дрога.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 13.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ.(40) од Скопје, тој бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина.

Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување на лекарска помош. Известен бил јавен обвинител, кој излегол на лице место.

Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ..

Денеска во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Инаку, станува збор за две момчиња и две девојчиња на возраст од 14 до 17 години кои во бесознание биле примени на Клиниката за токсикологија.

Директорот на клиниката, Андон Чибишев утрово изјави дека тие се во свесна состојба.

Кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанци, Не е докажано присуство на алкохол и немаат посериозни повреди“, изјави Чибишев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ