Вчера, покрај ова, изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за минување на затворен сигнал, а прекршочни пријави заработиле и шестмина пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 65 санкции, 28 мерки по основ на недозволено користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и шестмина мотоциклисти заради неносење заштитна кацига. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила како и осум технички неисправни возила, соопшти МВР.
МВР: Вчера 841 казна за сообраќаен прекршок
На територијата на цела држава вчера полицијата регистрираше 841 сообраќаен прекршок, од кои најбројни се прекршоците за непрописно паркирање (270), 214 возачи беа казнети за брзо возење, а 82 лица беа зад воланот без возачка дозвола.

Објавено на
часот