„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 7 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар“, соопштуваат од МВР.
Од МВР посочуваат дека гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди.






