среда, 18 март 2026
За утврдените неправилности писмено е известено Јавното обвинителство

МВР утврди пропусти во постапувањето кај 11 вработени во СВР Велес кога Росица пред да биде убиена им барала заштита од Илија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди извршил детални проверки за постапувањето на СВР Велес по сите пријави поднесени од жртвата Росица Коцева.

Објавено на

часот

Сподели

Од направените контроли е утврдено дека во најголем дел од случаите полицијата постапувала согласно законските процедури и дека против пријавениот била поднесена кривична пријава, која завршила со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола констатирала дека во дел од претходните пријави не било постапено целосно согласно законските обврски. Поради тоа, предложено е поведување дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените неправилности писмено е известено и Јавното обвинителство, кое ќе постапува понатаму во рамки на својата надлежност.

Од МВР порачаа дека остануваат посветени на транспарентност, професионалност и отчетност, со најави за унапредување на процедурите и отстранување на системските слабости, со цел полицијата поефикасно да ги штити граѓаните.

Двојното убиство и самоубиство се случи на 15 септември во Велес. Илија Стефановски од Скопје на 39 годишна возраст  ја убил поранешната девојка, Росица Коцева и нејзиниот татко од Велес. Убиецот откако ги извршил убиствата, сам се повредил со остар предмет по што починал.

На ова убиство и самоубиство му претходеле многу пријави во полицијата поднесени за насилство од Росица, но и од други девојки кои го пријавувале Илија.

Неколку дена пред убиството од Основниот суд Велес беше изречена беше и условна пресуда за пријавениот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ