недела, 14 декември 2025

МВР: Пуштен е сообраќајот на автопатот Скопје – Куманово, во двете насоки

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, кој поради пожар кој настана попладнево беше затворен за сообраќај.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно АМСМ, информираше дека сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци од 21:25 часот е нормализиран, додека сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.

Поради пожар кој настана попладнево, затворен за сообраќај беше автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон Петровец.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ