четврток, 10 април 2025

МВР: Полицајци од обезбедувањето на претседателот тврделе дека „поршето“ на Керим било службено

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР изврши проверки по денеска објавените видео снимки од кои се гледа како група граѓани бараат од полициски службеник, кој постапува со специјално возило „пајак“, да го подигне возилото „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што било паркирано на велосипедска патека, односно на коловоз.

Објавено на

часот

Сподели

Видео снимките по социјалните мрежи се објавени денеска, а инцидентот се случил на 22 март. Граѓанин пријавил дека возило „порше каен“ непрописно било паркирано на улицата „Орце Николов“ во Скопје. Пред возилото се собрала група граѓани кои барале возилото да биде отстрането од велосипедската патека. Откако дошле од пајак службата, две лица излегле од кафеаната, се претставиле дека се службени лица, и го информирале колегата од пајак службата дека возилото било службено. Полицаецот влегол во пајак возилото и откако проверил дека „поршето“ не е службено потпишал налог да се отстрани.
МВР соопшти дека сторител на прекршокот е С.К. (76) од Скопје, а сопственик на возилото е М.Т. (48) од Скопје.
„Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило ‘форд мондео’ се упатиле кон депото каде што било однесено ‘поршето’. Возилото ‘форд мондео’ било управувано од полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на претседателот на РМ. Со овие полициски службеници е извршен службен разговор, при што е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина. Од страна на ОВККИПС до Одделот за дисциплински и судски постапки ќе биде поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност“, соопшти МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ