вторник, 20 јануари 2026

МВР поднесе кривична пријава за судијата Ѓоко Ристов до ОЈО ГОКК

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение  за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓ.Р., во својство на службено лице – судија во Апелациониот суд Скопје, во временскиот период од 10.02.2020 до денес, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена дал лажни податоци за својот имот и имотот на неговото семејство, кој имот во големи размери ги надминува неговите законски приходи“, се наведува во соопштението од МВР.

Во рамки на истрагата, на 18 јануари 2026 година, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на неговите родители лоциран во Неготино, каде на првиот кат, поточно во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување на градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на една ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои се пронајдени се вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти  во апоени од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ