„Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.
Граничната полиција на Македонија ги презеде сите потребни мерки и активности, ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.
Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот“, соопшти МВР.






