„Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот Маршот на ангелите на 15 август во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот Маршот на ангелите и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола.
Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните“, соопшти МВР.






