среда, 11 март 2026

МВР „коси“ со казни, за само 10 дена одземени се 53 автомобили

Во изминатите 10 дена регистрирани се 6.264 сообраќајни прекршоци, а приведени се 151 лице за безобѕирно управување на возило, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 01.03.2026 до 10.03.2026, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Од приведените 151 лице, 32 се за возење под дејство на алкохол, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, три за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, 50 за возење без возачка дозвола, 12 поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 53 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите 10 дена од месец март евидентирани се 1.477 прекршоци за неправилно паркирање, како и 110 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна, пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 43 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 238 пешаци и еден возач на електричен тротинет. Исто така, санкционирани се 754 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, 67 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 79 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 25 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ