„Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 156 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 149 за недозволено паркирање. Санкционирани се 58 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 24 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на црвено светло, а изречени се и три прекршоци за возачи на електрични тротинети“, се вели во соопштението од МВР.
Исто така, согласно Законот за возила, 49 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.