Како што информираат од МВР, преку видео едукативен спот се укажува на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, се споделува лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила.
„Целта на кампањата е да ја зголемиме свесноста, да поттикнеме одговорно однесување и да придонесеме кон побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот, стои во соопштението.






