Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот бил забележан преку видео-надзорот на амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот и за целосно документирање на настанот.
Бугарското Министерство за надворешни работи реагираше овој инцидент го оцени како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на меѓународните норми.






