понеделник, 8 декември 2025
ОЈО Скопје издаде наредби

МВР и инспектори испитуваат кој е крив за ѓубрето, го „чешлаат“ и „Комуналец“, чиј директор бега од состаноци со вработените

Министерството за внатрешни работи и инспекциски служби по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје постапуваат и преземаат мерки во врска со ѓубрето во главниот град кое повеќе од еден месец не е собрано и од кое во Скопје се направија мини депонии на секој чекор.

Објавено на

часот

Сподели

Од ОЈО Скопје утрово велат дека за повеќе информации јавноста ќе биде дополнително известена. Галама околу ѓубрето се крена дури вчера, иако тоа стоеше по улиците за време на целата кампања за локалните избори. Но, вчера сите се разбудија и си ја префрлаа топката кој е надлежен и кој е виновен што Скопје е валкано на секое ќоше. Поради алармантната состојба со несобирањето на комуналниот отпад во Скопје, вчера Владата донесе заклучоци со кои се задолжуваат повеќе институции итно да преземат мерки.

Вчера од „Комунална хигиена“ соопштија дека Министерството за здравство должи повеќе од пет милиони евра и овој неплатен долг директно влијае на ликвидноста на Комунална хигиена-Скопје. Министерството за здравство, пак, вели дека нема никаква обврска или долг кон „Комунална хигиена“ Скопје. Тврдењата за неплатен долг од пет милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски, соопшти МЗ.

Во канцелариите на градоначлничката на Скопје Данела Арсовска и во Комунална хигиена-Скопје, по налог на Јавното обвинителство, вчера влегоа комунални инспектори и инспектори на МВР кои проверуваат дали има елементи на кривично дело поради несобирањето на сметот во главниот град.

И додека сите институции се расправаат кој е виновен, кој е надлежен, а кој не е , Скопје тоне во ѓубре, а граѓаните се револтирани се повеќе и повеќе. Денес на некои места се собира ѓубрето, но тоа е незабележливо во споредба со тоа колку ѓубре има низ главниот град.

Денес СУТКОЗ, единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја извести јавноста дека вчера ,Ивршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието.

На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, односно директорот на претпријатието, Сабахадин Рустеми, но тој не се појавил на состанокот и Управниот одбор на претпријатието.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ