„Важно и значајно е граѓаните, односно компаниите да знаат дека пораката не е испратена од вистинската компанија, да не кликнуваат на линковите или прилози во пораката, да не одговараат на пораката, да не споделуваат лични информации и веднаш да ја избришат пораката“, се вели во соопштението.
МВР информира дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами.
„Доколку сте примиле ваква порака или сте жртва на слична интернет измама, веднаш пријавите го случајот во најблиската полициска станица. Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик“, пишува во соопштението.
Министерството за внатрешни работи апелира на внимателност при добивање на ваквите пораки, граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба.