понеделник, 30 март 2026

МВР: Граѓаните да не отвораат линкови од сомнителни СМС пораки

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР), ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни смс пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од МВР, овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ги наведат граѓаните да внесат лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални групи.
„Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да постапуваат одговорно. Да не отвораат линкови од сомнителни испраќачи, да не внесуваат лични податоци на непроверени страници, да не одговараат на ваквите пораки, да го пријават случајот во најблиската полициска станица како и да го блокираат бројот на испраќачот. Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со ваквите измами“, се наведува во соопштението на МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ