„Поради технички проблеми во текот на денешниот ден имаше краток прекин на системот на гранична контрола на неколку гранични премини кон Косово, Србија и Албанија. Во тој период се пристапи кон алтернативно евидентирање, по што за кратко време состојбата беше нормализирана. Но, во ниту еден момент не беше вратен стариот систем на контрола на граничните премини каде веќе е ставен во функција One stop системот“, се наведува во соопштението.
МВР апелира да не се шират непроверени информации.