вторник, 30 декември 2025

МВР: Безбедноста во сообраќајот е сложен предизвик кој бара интегриран пристап

Претставници на Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска присуствуваа на Работен комитет на тема „Безбедност во сообраќајот“ на кој учествуваа сите релевантни засегнати страни во креирање на политики кои ќе придонесат за унапредување на безбедноста на патиштата во државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Безбедноста во сообраќајот, за која МВР е еден од најбитните фактори, е сложен предизвик кој бара интегриран пристап, од строга примена на законите, засилени контроли, до едукација на сите учесници и подобрување на инфраструктурата. Од суштинско значење за подобрување на безбедноста во сообраќајот и за создавање на поодржлив транспортен систем е тоа што преку Националната развојна стратегија и Програмата за работа за 2024 – 2028,  Владата предвидува мерки како дигитализација, воведување на концептот на паметни градови и системско подобрување на патната инфраструктура“, се наведува во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ