„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака што не е испратена од страна на БЈБ – МВР ниту од Одделението за кибер криминал и безбедност. Овие електронски пораки се класичен обид за измама каде целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку мејл и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, може веднаш да се забележат грешки во текстот, во однос на тоа дека е направен со лош превод на интернет со тоа и смислата на содржината на пораката насочува дека е сомнителна, поточно“, измама, информираат од Министерството.
Се апелира на внимателност, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци што ги бараат измамниците. Се предупредува и да не се отвораат линкови и датотеки, испратени во прилог на која било електронска порака што доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на компјутерскиот систем од малициозен софтвер.






