понеделник, 15 декември 2025

МВР апелира граѓаните да не се упатуваат кон дел од автопатот Миладиновци – Бунарџик

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево, затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот сè додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.

Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека поради ветер кој го зафати подрчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари.

Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу индустриската зона Бунарџик и рафинеријата Окта.

Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели дека поради временските услови не може да се користат ер-тракторите и хеликоптерите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ