вторник, 7 април 2026

МВР: 30 прелети, полицискиот хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на Огражден

Полициски хеликоптер денеска учествуваше во гаснењето на пожарот на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.

„За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума“, наведуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ