Оваа соработка претставува значаен чекор кон модернизација на музејската работа и унапредување на научно-истражувачките процеси.
„Во таа насока, Музеј Куманово изразува искрена благодарност за донацијата на современа ИТ опрема наменета за археолошкото одделение“, информираат од музејот.
Новата опрема ќе овозможи поефикасна дигитализација на музејските предмети, како и обработка и анализа на обемни бази на податоци добиени преку современи снимања со ЛИДАР технологија, што претставува значаен придонес за современото проучување и заштита на археолошкото наследство.

„Особена благодарност упатуваме и до големите вљубеници во македонската историја, семејството Трајкови од Вашингтон, чија посветеност и поддршка беа клучни за воспоставување на оваа соработка. Нивната иницијатива претставува уште еден силен пример за значајната улога на македонската дијаспора во поддршката на културните и научните институции во татковината“, велат од НУ Музеј Куманово
Со ова партнерство се отвораат нови можности за развој на современи проекти, дигитална презентација на културното наследство и зајакнување на врските помеѓу институциите и македонската дијаспора ширум светот.






