недела, 14 декември 2025

Муртезани во работна посета на Париз

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе оствари работна посета на Париз.  Како што соопшти МЕП, посетата е во рамки на „интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

„Предвидени се средби со високи претставници на Владата на Француската Република, меѓу кои со министерот делегиран за Европа при француското МЕиНР – Бенжамен Хадад, со генералниот секретар за европски работи во Секретаријатот за европски работи (SGАE) – Емануел Пуизе-Жовен, со раководството на Експертиз Франс (Expertise France) и Француската агенција за развој (AFD), како и со претставници на реномираниот институт ‘Жак Делор’ “, соопшти Министерството за европски прашања.

Од МЕП додаваат дека целта на работната посета е „унапредување на институционалната соработка, размена на добри европски практики и мобилизирање на техничка и финансиска поддршка за реформската и интеграциската агенда на Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ