сабота, 12 јули 2025

Муртезани со порака до Брисел: Подготвени сме со капацитет, волја и визија

Спроведени политики, активирани фондови, конкретни институционализирани чекори и зголемена видливост на нашата евроинтеграција. По 12 месеци подготвени сме да покажеме отчет и резултати … Европските интеграции не се само декларативна цел, туку операционализирана политика, порача министерот за европски прашања Орхан Муртезани по повод една година Влада.

Објавено на

часот

Сподели

Во 12 месеци Муртезани посочи дека е ревидирана преговарачката структура земајќи ги предвид новините во пристапнте прегвори, така што Министерствозо за европски прашња ја има централната координативна улога во националниот систем за координација на процесот на интеграција, и истиот вклучува околу 150 институции и над 800 експерти од администрацијата кои учествуваат во подготовка на преговарачките позиции.

„Сето ова го правиме со фокус на суштината, а тоа се реформите… Работиме со факти, со бројки, со реални ефекти врз граѓаните. Со овие резултати не само што го зацврстуваме кредибилитетот дома, туку испраќаме и порака до Брисел дека Северна Македонија е подготвена со капацитет, волја и со визија“, порача Муртезани, на прес-конференција по повод една година Влада.

Најголем поттик за реформската енергија, според Муртезани е преку Планот за раст и Реформската агенда.

„Ги завршивме сите законски процедури пред останатите земји од регионот и ги повлековме средствата од предфинансирањето во висина од 52,5 милиони евра. Го доставивме и првото барање за ослободување на средства во висина од 17 милиони евра, од кои над 9 милиони евра се за капитални инвестиции. Ова покажува политичка зрелост, лидерство и подготвеност да ја донесеме Европа дома преку реализација на реформиет во областа на владеење на правото и зајакнување на правната држава, унапредување на системот за управување со јавните финансии, поддршка на енергетската транзиција и нови стандарди во корпоративното управување“, изјави Муртезани.

Паралелно, посочи тој, дека се координира ревидирањето на инвестициските проекти во рамки на Инструментот за реформи и раст од Реформската агенда и планирање на процесот на инвестициската рамка за Западен Балкан, на чија листа моментално се 19 проекти во вкупна вредност од 1,1 милијарда евра.

„Добиени се четири грантови за техничка помош при Инвестициската рамка за ЗБ и аплицирано е со два проекти за техничка помош и два инветициски грантови при WBF за техничка помош на Северна Македонија“, нагласи Муртезани.

Финализирано е и програмирањето на ИПА 2025-27 со 67 милиони евра насочени кон стратешки сектори, вклучително владеење на правото, образованието, јавната администрација и иновациите.

„Оваа динамика е директен доказ за зајакнатата координација помеѓу институциите, поттикната со секторските работни групи и мониторинг механизмот“, рече Муртезани.

Донесени се, информираше Муртезани, и акти за структурата за Планот за раст, кој ја дефинира структурата за координација на четирите столбови на планот, како и структурата за реформската агенда, каде се дефинирани надлежностите во спроведувањето, следењето, евалуацијата и известувањето.

„Нивната операционализација ќе овозможи систем за навремено спроведување на обврските и систем за рано предупредување за евентуални ризици, како и систем за контрола и ревизија за спречување можни коруптивни активности или злоупотреби“, изајви Муртезани.

За превод на правото на ЕУ на над 20 илјади страници, информираше дека се обезбедени дополнителни 35 милиони денари буџетска поддршка за 2025 година.

„Со поддршка на ЕК започнуваме пилот проект за употреба на вештачка интелигенција во процесот на превод. Северна Македонија е прва во регионот во овој напреден пристап“, изјави Муртезани.

Ревизијата на двата патокази кои се одредници за отворање на првиот Кластер Фундаметални вредности – Патоказот за владеење на правото и Патоказот за реформите во јавната администрација, Муртезани информираше дека се финализираат со надлежните институции и ЕК и по усвојување од Владата ќе бидат доставени до ЕК за нивна проценка и проследување до Советот.

„Третиот патоказ за функционални демократски институции се финализира и првиот драфт е доставен до Комисијата за коментари, но тој не е одредница за отворање на првиот кластер“, рече Муртезани.

Министерството за евопски прашања, според Муртезани, функционира како вистински европски хаб со Академија за ЕУ во подготовка, со воспоставени структури за координација, мониторинг и евалуација со капацитети за комуникации со јавноста и стратешки партнерства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ