понеделник, 8 декември 2025

Муртезани: До 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ

Видливо е, а особено од почетокот на руската инвазија врз Украина, дека ЕУ е позаинтересирана за прием на нови членки, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања Орхан Муртезани пред почетокот на неформалната средба со неговите колеги од 27-те земји членки на ЕУ и државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина.

Објавено на

часот

Сподели

„Европа е многу позаинтересирана, особено со постепената интеграција, за што правиме сè што можеме. Она што треба да го направиме сега е да се осигураме дека напорите што ги вложуваме ќе дадат резултат што е можно поскоро. Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ“, додаде Муратезани.

Според него, денешниот собир во Копенхаген не е само состанок, туку е и порака дека земјите кандидатки за членство не се оставени надвор, туку седат на иста маса со државите членки на ЕУ.

„Тоа е вистинскиот дух на процесот на проширување“, истакна Муртезани.

Тој нагласи дека мотото на собирот „Од Копенхаген, преку Копенхаген, до Копенхаген“ уште еднаш ја испраќа пораката дека постои само еден патоказ и еден сет критериуми за зачленување во ЕУ – Копенхашките критериуми.

„Поради неколкуте политички пречки Македонија чека предолго, но ние сме посветени на нашата европска иднина и се обидуваме да ја обезбедиме“, додаде Муртезани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ