четврток, 29 мај 2025

Мурати тврди дека Министерството за култура одбило да основа национална установа по турскиот поет Бејатли

Министерството за култура по четири месеци го одбива барањето за основање национална установа под името на великанот на турската книжевност Јахја Кемал Бејатли во Скопје, информира пратеникот Сали Мурати, од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, нагласувајќи дека поднел жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и најави петиција до Народниот правобранител за дискриминација по национална основа.

Објавено на

часот

Сподели

Амандманот 8 од Уставот ги гарантира нашите културни права на заедниците, нагласи Мурати, посочувајќи дека, „ова е доказ за обесправеноста на помалкубројните заедници во нашето општество“.

Барањето до Министерството за култура за основање на Национална установа со името на Јахја Кемал Бејатли, Сали Мурати, како пратеник го доставил до Министерството за култуа на 13 ноември 2024 година.

„Со барањето беа доставени сите потребни документи. Елаборат, финансиски план, програма за работа и друго, вкупно осум прилози со десетици страници, стручно подготвен материјал на кој сум работел со месеци“, изјави Мурати.

Јахја Кемал Бејатли, посочи Мурати, е роден во Скопје 1884 година и е еден од најзначајните турски поети во 20 век и претставува непроценливо културно наследство што го поврзува Скопје и Македонија со Турција и светската книжевност.

„По четиримесечен молк од Министерството за култура и поднесено пратеничко прашање минатиот месец, добив известување од Министерството без никакво образложение, ниту правна поука. Во самиот одговор, Министерството за култура ги признава моите наводи дека непобитен е фактот за значењето и важноста на Јахја Кемал Бејатли за турската култура и книжевност и воопшто во поглед на целокупното културно наследство на Република Македонија и повеќеслојноста на неговата поврзаност со Скопје. Ако ова не е доказ за основање на една национална установа“, изјави Мурати.

Наместо да наведе конкретни законски пречки, според Мурати, Министерството во образложениеото наведува дека веќе постојат три национални установи во Република Македонија.

„Еден е Турскиот театар, втората е Спомен куќата на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик и во Скопје, ние сакаме и тука да бидеме афирмирани. Овие се нашите национални установи, ние учествувае во буџетот и претставуваме дел од нашата татковина“, изјави Мурати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ