среда, 31 декември 2025

Мукаетов: Градиме и создаваме за генерациите што доаѓаат (ВИДЕО)

Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – ЛУЃЕТО, вели во новогодишното обраќање Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија. Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики.

Во 2025 одбележавме 50 години од воведувањето на информатичката технологија, која половина век е клучна поддршка во глобалната експанзија на компанијата. Континуирано инвестираме во нови софтвери и нивна интеграција во процесите, а во некои сегменти започнавме и со користење алатки на вештачката интелигенција.

„Алкалоид“ денес е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери. Огромен број иматели на удели имаат доверба во еден систем, стекната низ турбулентни времиња, но со искрен и чесен пристап, доследност и почит.  Тука и сега работиме со посветеност, градиме и создаваме за генерациите што доаѓаат“, вели Мукаетов во своето обраќање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ