петок, 5 декември 2025

Мухамет Хоџа и Беким Сали ќе бидат новите министри за животна средина и европски прашања

Поранешниот портпарол на Владата, Мухамет Хоџа и актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали се двете имиња што коалицијата Вреди ги предложи, а Владата ги прифати за нови министри за животна средина односно за европски прашања, потврдија попладнево од Собранието. Оттаму потврдија и дека Владата веќе ги доставила предлозите до пратениците.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата ги предложи Мухамет Хоџа за министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање и Беким Сали , за министер кој ќе раководи со Министерството за европски прашања. Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата на која ќе бидат разгледани и ставени на гласање, Собранието ќе ја информира јавноста дополнително“, информираа од собраниската прес служба.
Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа доаѓа на местото на Изет меџити кој на последните локални избори беше избран за градоначалник на Општина Чаир. Актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали пак ќе го замени актуелниот министер за европски прашања Орхан Муртзаани, кој се очекува на првата наредна седница на Собранието да биде разрешен од функцијата.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави реконструкција на Владата која најверојатно ќе се случи во првата половина на 2026 година.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ