„Во своето обраќање пред претставниците на приватниот сектор, министерот Муцунски ги информираше австриските бизнисмени за новите можности за економска соработка, економските и трговските политики на Владата, како и за мерките насочени кон привлекување странски инвестиции“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На средбата се дискутирало за можностите за продлабочување на соработката во делот на инфраструктура, енергетика, дигитализација и технолошки иновации, со цел зголемување на трговската размена и инвестициите.






