среда, 1 април 2026

Муцунски во работна посета на Франција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз. Тој ќе има средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Франција Емануел Макрон.

Објавено на

часот

Сподели

Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.
Предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Националниот институт за јавни служби на Француската Република, соопшти МНР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ