четврток, 2 април 2026

Муцунски во Париз се сретна со советниците на Макрон задолжени за Европа и Турција

Во рамките на посетата на Париз министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба со советниците на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, задолжени за континентална Европа и Турција, како и за Европа, Бертран Бушвалтер и Алексис Дутертр.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНРиНТ, на средбата биле разменети мислења за евроинтегративниот процес и актуелните случувања во регионот и во Европа.

„Министерот се сретна и со директорот на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), Жером Филипини, при што беше потпишана декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Националниот институт за јавни служби (INSP). Со тоа се отвораат нови можности за соработка во обуката и професионалниот развој на високи државни службеници и дипломати“, стои во соопштението.

Муцунски вчера се сретна со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад, со кого разговарал за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка.

Министерот Муцунски нагласил дека европската интеграција е приоритет на Владата, која е силно посветена на спроведувањето на реформската агенда. Воедно, истакна дека, заедно со планот за раст, тие претставуваат клучни процеси за напредокот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

„Двајцата министри се согласија дека е неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција и дека тој треба да биде заснован на мерит-систем. Притоа ја нагласија и улогата на Република Северна Македонија како фактор на безбедност и стабилност во регионот, а стана збор и за актуелни регионални, европски и глобални прашања“, се додава во соопштението на Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ