среда, 11 февруари 2026

Муцунски во Париз: Промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов, и претставници на домашните винарници, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНРиНТ, настанот беше организиран во рамките на работната посета на Париз, со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата.

„Пред многубројни гости од дипломатскиот кор, културниот и јавниот живот, политиката и француската винска индустрија беа истакнати квалитетот, традицијата и конкурентноста на македонските вина на европските и светските пазари“, се наведува во соопштението.

Министерот Муцунски нагласи дека македонското вино претставува еден од најпрепознатливите извозни производи на државата и значаен сегмент на економската соработка посочувајќи дека министерството ќе продолжи со активна и стратешка поддршка на домашните производители, со цел натамошно јакнење на нивната меѓународна позиција и отворање нови пазарни можности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ