вторник, 15 јули 2025

Муцунски во Париз доби реафирмација на поддршката на Франција за проширувањето на ЕУ

Заедничко задоволство од континуираниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Француската Република, со јасна определба за понатамошно продлабочување на соработката на политичко и економско ниво, било изразено на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со францускиот министер за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, што се одржа во рамки на посетата на Муцунски во Париз, особен акцент бил ставен на унапредување на партнерствата меѓу владите и бизнис-заедниците на двете земји.

„Министерот Муцунски упати искрена благодарност за брзата и принципиелна поддршка од Франција по трагедијата во Кочани, како и за доследната и силна поддршка од француската влада за европската интеграција на Македонија. Министерот Баро го реафирмираше ставот дека Франција ќе продолжи да биде гласен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и активно ќе придонесува кон остварување на стратешката цел – полноправно членство на Македонија во ЕУ“, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски остварил и работна средба со Бенџамин Хадад, министер делегиран за Европа. Разговорите биле фокусирани на напредокот на земјата на патот кон ЕУ, актуелната политичка состојба во регионот, како и на значењето на придонесот на Македонија кон регионалната стабилност и соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ