Муцунски на својот Фејсбук-профил објави дека во обраќањето што го имал на работната вечера нагласил дека кохерентноста и единството се најсилната алатка за справување со заедничките закани и предизвици.
„Потенцирав дека потребата да сториме повеќе и да инвестираме повеќе во нашите одбранбени капацитети мора да остане приоритет број еден за сите нас, при што континуираната координација е единствениот начин да постигнеме заеднички успех. Го подвлеков и значењето на постигнување праведно и долгорочно решение за Украина, поздравувајќи ги иницијативите за директни средби меѓу претставниците на Украина и Русија, поддржани од САД и европските сојузници. Изразив и подготвеност за натамошна поддршка од наша страна, согласно со капацитетите и можностите со кои располагаме“, наведува во објавата шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки.