понеделник, 15 декември 2025

Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за економските политики на Владата и за значајната улога што ја има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.

Објавено на

часот

Сподели

Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44%, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15%. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1%, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.

„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ