понеделник, 15 декември 2025

Муцунски утре на средба со Герапетритис во Атина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Атина, утре ќе има средба шефот на дипломатијата на Грција, Јоргос Герапетритис.

Објавено на

часот

Сподели

„Во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување“, соопшти МНРиНД.

Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници.

Високи дипломатски извори од Грција, според МИА, нагласуваат дека утрешната средба е навистина важна , но и дека Герапетритис и Муцунски имаат развиено „исклучително функционални односи“, дека имаат редовна комуникација и во обид, како што рекоа, да ги ограничат потенцијалните тензии по изборите кај нас.

Истите извори брифираа дека Атина е поддржувач на Скопје, објаснувајќи дека Грција во пракса го покажа тоа и на ниво на цивилна заштита со пожарите, но и по трагедијата во Кочани и дека ќе продолжи со поддршката.

Како што соопштија претпладнево од Министерствата за надворешни работи на двете земји средбата Герапетритис – Муцунски е закажана за 12 часот по локално време, а два часа подоцна шефовите на дипломатиите ќе дадат изјави за медиумите.

Герапетритис и Муцунски во Грција се сретнаа и на почетокот на април годинава на маргините на Економскиот форум во Делфи, додека пак утрешната работна средба во Атина е прва посета на шефот на македонската дипломатија на грчката метропола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ