Како што напиша на неговиот фејсбук профил Муцунски, настанот бил силен потсетник за значењето на дипломатијата во воспоставувањето на траен мир и стабилност на Балканот.
„Во своето обраќање ја истакнав важноста од зачувување на стабилноста во регионот, посочувајќи дека современите безбедносни закани бараат координиран пристап, засилен ангажман на меѓународната заедница и уште потесна соработка меѓу земјите од Западен Балкан. Европската и евроатлантската интеграција останува клучна алатка за постигнување долгорочен мир, развој и заштита од надворешни влијанија“, објави министерот Муцунски на фејсбук.
Говорејќи за престојниот Самит на НАТО во Хаг, тој подвлекол дека одвраќањето не се постигнува со декларации, туку со инвестиции, решителност и кредибилни капацитети.
„Единството мора да биде функционално, не само декларативно. Нека Хаг биде самит на решителност – што ќе донесе капацитет, а не само соопштенија“, напиша на фејсбук Муцунски.