Во објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски наведе дека имал „кратка, но многу продуктивна средба“ со Рубио, која е прва од неодамнешното именување на американскиот државен секретар на функцијата.
„Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Следуваат многу заеднички иницијативи“, наведе Муцунски во објавата.
Муцунски денеска и утре учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел на кој главни теми се приоритетните безбедносни предизвици, поддршката и перспективите за Украина, зајакнувањето на партнерствата и одбранбените капацитети и подготовките за јунскиот самит на НАТО во Хаг.