„Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини“, истакна министерот Муцунски.
Тој нагласи дека критиката е легитимен дел од демократскиот процес, но дека постои јасна разлика меѓу аргументирана критика и непримерен јавен дискурс.
„Едно е да имате критика и да укажете како нешто може да се направи подобро, а сосема друго е да се користи наратив кој е неприфатлив за една сериозна политичка партија. Особено е разочарувачки тоа да доаѓа од опозициска партија предводена од универзитетски професор“, додаде Муцунски.






