недела, 11 мај 2025

Mуцунски разговараше со Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија за забраните за влез во Грција

Министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски прими делегација на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија предводена од координаторот на здруженијата Сотир Лукровски. На средбата со Македонците по потекло од Северна Грција се разговараше за проблемите со кои се соочуваат при обидите за влез во грчката држава со цел посета на нивните корени и вековни огништа.

Објавено на

часот

Сподели

Поголем број од активистите на овие здруженија имаат забрана за влез во Грција со што се врши прекршување на нивните човекови права и слободи. Тие во разговорот со министерот побараа поддршка и правни појаснувања за понатамошна соработка со министерството во постапките пред грчките и европските институции, како и соработка со грчкото преставништво во земјава.
Беше разговарано во соработка со министерството да се конктактираат преставништвата во државава на земјите кои 1949 година ги отворија вратите за илјадниците деца прогонети од Грција, да им се оддаде посебна благодарност за децата кои ги оддгледаа и школуваа во нивните домови.
Министерот доби покана и за одбележување на првата година од работата на „Беломорски клуб читална” месецов во Скопје како и за мајската средба „Беломорски видувања” која е од најмасовен карактер и ги обединува Македонците од Македонија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија и од сите останати држави низ светот кај што се раселени.
„Имавме одличен прием и разбирање од министерот Муцунски со што продолжува нашата соработка, изразуваме огромна благодарност до него и до оваа влада за помошта, отвореноста и поддршката која ни ја укажуваат во континуитет”, изјави координаторот на здруженијата Сотир Лукровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ