понеделник, 15 декември 2025

Муцунски: Проблемот на Османи не е во моделот на демократијата, туку што ДУИ не е на масата

Дебатата меѓу актуелниот и поранешниот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Бујар Османи, продолжува со објави на социјалните мрежи. Муцунски на својот Фејсбук-профил реплицира на претходната објава на Османи.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби.

Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше. Напротив, одлуки се носеа и во Владата и во Собранието без македонско мнозинство – и сè беше во ред, демократски, европски.

Но денес, кога постои јасно демократско мнозинство, кога народот – независно од етничка или каква било друга припадност – избра промени, тоа (според него) станува „проблем за соживот“.

За Османи, проблемот не е во моделот – проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата.

Ние, во меѓувреме, работиме да ја поправиме штетата што ја оставивте – дома и надвор. Со работа, со принципи, со почит. Не со закани и манипулации.

Демократијата не е валидна само кога сте дел од власта. А граѓаните веќе го кажаа своето – јасно, на избори.

Јас верувам во соживот, во дијалог, и во иднина изградена врз вредности, еднаквост и напредок. За разлика од него, секогаш сум работел на обединување – затоа што сакам да живееме во држава што ги поврзува луѓето, не ги дели. Во држава што гради, не руши. Современа. Самоуверена. Европска“, пишува Муцунски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ