„Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните“, порача министерот Муцунски.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојуваа во работа посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде учествуваа на Светскиот самит за влади во Дубаи.
Во фокусот на посетата и средбите со официјални лица на ОАЕ, биле економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со цел, придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните.
Муцунски во Дубаи остварил билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.
„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Во рамки на работната посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, бил говорник на панел-дискусијата насловена „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“.
„Во денешниот глобален политички пејзаж, единственото што е предвидливо е непредвидливоста. Тоа е реалност со која мора да се соочиме и да научиме да живееме“, истакнал Муцунски, нагласувајќи дека наместо да се реагира само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да се гради долгорочна способност за адаптација.
Муцунски, заедно со Сиљановска-Давкова, остварил и средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати.






