понеделник, 9 март 2026

Муцунски: Од ЕУ очекуваме да биде предвидлив партнер онаков како што сме ние

Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички, бидејќи соработката е единствената реална опција, истакнал министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во дискусијата на форумот посветен на „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“ на меѓународната конференција Будапест Балканс форум 2026, која се одржува во Будимпешта во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања.

Објавено на

часот

Сподели

„Потсетив дека државата го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ заедно со Хрватска и дека во изминатите години направивме сериозни национални отстапки. Нашето општество е силно проевропско, Владата е фокусирана на европските реформи и целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но очекуваме процесот на проширување да биде јасен, кредибилен и предвидлив“, посочил Муцунски.

Министерот ја нагласил стратешката важност на коридорите 8 и 10, како од безбедносна така и од трговска перспектива, како и значењето на односите со Унгарија, со која имаме Договор за стратешко партнерство.

„Унгарија ја гледаме како важен пријател и поддржувач на нашиот европски пат. Наша задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но истата таква предвидливост и кредибилност ја очекуваме и од земјите членки“, посочил Муцунски.

Министерот Муцунски се обрати на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, и заменик-претседателот на Владата за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ