понеделник, 22 декември 2025

Муцунски: Од Брисел бараме промена на заклучоците во преговарачката рамка

Од Брисел бараме промена нa заклучоците oд преговарачката рамка за интеграцијата на Македонија во ЕУ, изјави денеска Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи на Македонија на заедничката конференција за медиуми со неговата колешка од Албанија министерката Елиса Спиропал.

Објавено на

часот

Сподели

Муцунски не кажа како на ова барање одговориле од Брисел, но додаде дека земјава нема комфор зона да тргува со идентитетските прашања. За ова барање неодамна информираше и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека се бара предлог промени во заклучоците.

Mуцунски подвлече дека Македонија останува посветена на евроинтегративните процеси и во изнаоѓањето заедничко прифатливо решение со официјална Софија.

„Владата не е подготвена да ги донесе уставните измени без притоа да добие рамка за предвидливост од Европската Унија за билатералните спорови. Оваа позиција е јасно пренесена во Брисел, а кај некои земји членки има сѐ повеќе разбирање за нашата позиција. Уставни измени без сигурност и предвидливост, ќе не однесе во нов ќорсокак“, додаде Муцунски.

На конференцијата за медиуми министерката на Албанија не одговори на прашањето за бројот на барањата за албанско државјанство од македонските граѓани. Таа само рече дека за тоа постои посебна процедура која мора да се запази, но и дека нема намера да ги кочат или да влијаат на граѓаните кои ги исполнуваат таквите услови.

Таа во својот говор рече дека во Македонија, според последниот попис живеат 33 проценти Албанци, уставотворен народ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ