понеделник, 8 декември 2025

Mуцунски: Ние не водиме политика на брзи потези и празни ветувања

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче – од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсети дека изминатите години се покажало што значат политиките на брзи потези и празни ветувања

„СДСМ и ДУИ отворале надеж со секое ветување, а ја поништувале со секој притисок. Заедничките документи што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик“, рече Муцунски.

Министерот нагласи дека патот на сегашната влада е поинаков и се базира на решенија кои носат траен напредок.

„Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре“, додаде тој.

Муцунски потенцираше дека европската иднина не е празна фраза, туку конкретна борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта и инфраструктура, како и создавање нови можности за граѓаните.

„Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор. Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ“, порача Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ