„Зборовите не се доволни. Резултатите се тие што се бројат, работа, развој, подобар живот“, истакнува Муцунски.
Тој нагласи дека не ветуваатм туку испорачуваат, посочувајќи дека крајната цел е младите да останат во земјата, да се отворат нови можности за инвеститорите, а граѓаните да добијат подобар квалитет на живот.
„Ова не е политика – ова е работа за иднината“, порача Муцунски.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потсети дека во рамки на минатонеделната посета на Лондон, министерот Муцунски и неговиот британски колега, државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт, Дејвид Лами ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
„Овој документ има за цел да ги зајакне стратешките билатерални односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната – особено во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, справувањето со корупцијата и незаконските финансиски текови, како и економскиот раст“, се додава во соопштението.






