среда, 21 мај 2025

Муцунски на средба со македонската дијаспора во Шведска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе биде во работна посета на Кралството Шведска. Како што објави министерот на својот Фејсбук профил, Шведска е пријателска земја на Македонија со одлични билатерални односи, стабилно партнерство и цврсти врски преку бројната македонска дијаспора.

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата Муцунски вели посетата ја започнал со црквата „Св. Наум Охридски“, со што, станал првиот министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија и остварил средба со претставници на македонската заедница во овој дел од Шведска.

Во текот на денешниот и утрешниот ден престојувам во работна посета на Кралството Шведска, пријателска земја со која не поврзуваат одлични билатерални односи, стабилно партнерство и цврсти врски преку бројната македонска дијаспора.

„Посетата ја започнав со црквата Св. Наум Охридски. Особена чест е што сум првиот министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија и остварил средба со претставници на македонската заедница во овој дел од Шведска. Средбата беше можност да ги слушнам нивните иницијативи и очекувања, да ги информирам за владините политики за јакнење на врските со дијаспората и да го потврдам нивниот значаен придонес во промоцијата на македонската култура и одржувањето на блиските односи меѓу двете земји“, наведува Муцунски.

Во организација на Обединетата македонска дијаспора, во Трелебог, Муцунски додава дека остварил средба со македонски стопанственици, за кои, вели, успешно делуваат и инвестираат во Швцедска

„Во организација на Обединетата македонска дијаспора во Трелеборг остварив и средба со македонски стопанственици кои успешно делуваат и инвестираат во Шведска. Разговаравме за економските потенцијали на нашата држава, можностите за нови инвестиции, како и за улогата на дијаспората во унапредувањето на економската и трговската соработка меѓу двете земји. Утрешниот ден е резервиран за низа политички средби на високо ниво, стои во објавата на Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ