На настанот, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е најавено присуство и на министрите за надворешни работи од земјите од регионот на Западен Балкан.
Новата иницијатива, покрената од министерот Фидан, се додава во соопштението, има цел да придонесе кон регионален мир, стабилност и благосостојба преку заеднички пристап во изнаоѓање на регионални решенија за регионални прашања.
Министерот Муцунски ќе има обраќање на состанокот, во кое се очекува да ги адресира клучните прашања за регионалната соработка, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, заштитата на животната средина и културната соработка.






