недела, 15 јуни 2025

Муцунски на Комитетот на министри на Советот на Европа – потпишана Меѓународната конвенција за заштита на професијата адвокат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Луксембург, на која учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на организацијата.

Објавено на

часот

Сподели

Состанокот, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се одржа во контекст на актуелните геополитички предизвици, со фокус на поддршката за Украина, улогата на Советот на Европа во заштита на демократијата и човековите права, како и на натамошното зајакнување на европската соработка.

Акцент во разговорите бил ставен и на новиот Демократски пакт за Европа и можностите за развивање на поинклузивна и поотпорна демократија.

Разменети биле мислења и за имплементацијата на Декларацијата од самитот во Рејкјавик, за соработката меѓу Советот на Европа и Европската унија, како и за прашања поврзани со заштитата на животната средина од перспектива на човековите права.

„На маргините од состанокот, Македонија ја потпиша Меѓународната конвенција за заштита на професијата адвокат, а во рамки на сесијата беше извршена и примопредавањето на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри од Луксембург на Малта“, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министерот Муцунски на маргините на сесијата, остварил и билатерална средба со министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан. Разговорот, како што се наведува во соопштението, бил фокусиран на билатералните односи меѓу двете земји, како и на актуелните геополитички случувања.

Министерот Муцунски во Луксембург допатувал од Стокхолм, каде што беше во работна посета на Шведска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ