сабота, 28 март 2026

Муцунски: На 7 април сесија на Стратешкиот дијалог на Македонија со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски рече дека партнерството со САД е стратешко и од клучно значење за државата. Во гостувањето на ТВ Телма, Муцунски најави дека на 7 април Македонија ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон. Делегацијата што ќе патува во САД, ќе биде предводена од него, а во неа ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон“, потенцира министерот.

Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ